Славески: Реалност е дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за над 20 отсто

Трајко Славески, Член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за економските мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети дека ќе ги преземе и реализира кога ќе ја преземе власта, поточно зборуваше како ќе се реaлизира растот на платите и пензиите од 20-25 % за четиригодишниот мандат.

-Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 години. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе пораснат за 20 до 25 %. И тоа не е воопшто нереално, сосема е реално, истакна Славески.

Тој во своето гостување зборуваше за стапката на раст и ако во првите две години се оствари стапка на раст од 4 % и ако се додаде номинално зголемување од инфлацијата 5% е сосема достижно за разлика од некои таргети кои уште ВМРО-ДПМНЕ во почетокот кога беа најавени ги критикуваше. Според него овде станува збор за просечната плата од 500 евра што не се реализира, минимална плата од 16.000 денари што е далеку од реализација.

Славески детално го коментираше економскиот план на ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија кој пред неколку дена го промовираше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека досегашниот модел на раст на македонската економија, дури и на привлекување на странски директни инвестиции е исцрпен и дека сега станува збор за нов модел за раст и за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе излезе со конкретни мерки и чекори за програмата која следи.

-Ако внимателно го следевте пресот на претседателот Мицкоски во неделата, тој зборуваше за нов модел за раст и дадени беа контурите во неколку реченици. Ние бевме за разлика од главните политички ривали, првите кои што излегуваме со конкретни мерки и чекори за програмата што следи, вели професорот и додава дека досегашниот модел на раст на македонската економија веќе е исцрпен.

Според Славески, Мицкоски говори за развоен модел базиран на модерна индустријализација. -Mицкоски зборува за нов модел врз основа на модерна индустријализација и зголемување на извозната конкурентноста на македонската економија. Значи реиндустријализација на македонската економија, заврши тој.