Славева: Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Македонија

Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати земјата, кампањите на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа, рече во саботата  Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување и лажењето, но и Заев и Филипче избегаа, потсети Славева, и праша дали повторно и двајцата ќе избегаат од одговорностa за епидемијата

„Лицемерието на СДСМ нема граници. Од опозиција во 2011 година водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните. Според СДСМ од опозиција масовното вакцинирање никогаш не се практикува во ек на епидемија, затоа што бил потребен период за да се создаде имунитет а самата вакцинација не е доволна да се спречи епидемијата. Според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега?“

Славева потенцираше дека односот на власта кон клучни прашања за здравјето на граѓаните покажува дека тие единствено водат грижа за собирање на ситни политички поени и на ништо друго, а последица од прибирањето на ситни политички поени е и ситуацијата со епидемијата која директно е причинета од неодговорноста на СДСМ.

„Обвинуваа дека вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра, во ек на епидемија. Крајно лицемерие и неодговорност кон граѓаните и кон нивното здравје. Тогаш ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат! СДСМ менува ставови за политичките поени. Политички поени не смеат да се прават на грбот на децата! Граѓаните секојдневно ги согледуваат лицемерието и неспособноста на оваа власт. Овие црнила мора да си заминат. Црното владеење на СДСМ ќе заврши! Ќе изгрее зората за Македонија!“, дополни Славева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.