Славевски до Анѓушев: Иако сте професор и стопанственик не знаете што е човечки капитал

Жестока беше вечерашната дебата во емисијата Топ Тема на телевизија Телма каде гостуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и професорот и член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски. Професорот Славевски му посочи на Анѓушев дека прави една фатална грешка, односно дека и покрај тоа што е професор и стопанственик, тој не знае што значи човечки капитал. Во однос на вештачкото зголемување на минималната плата, Славевски потенцира дека со зголемување од 2-3 илјади денари на минималната плата, Македонија нема да биде конкурентна со западните држава и нема да го спречи иселувањето на младите.

-Господине Анѓушев тоа што сте и професор на технички науки и стопанственик не ви помогнале да не ја направите таа фатална грешка да не знаете што е човечки капитал. Овдека нѐ убедувате дека се вложува во човечки капитал. Во човечки капитал не се вложува со зголемување од 2-3 илјади на платата. Вие не можете да се натпреварувате со платите во Германија, што сега ќе зголемите за 50 евра и ова што кажувате дека ќе ги спречите младите да одат во Германија.  Има голем број на други фактори и причини освен платата за одлуката на поединецот дали ќе остане во родното огниште, во домот во кој што може да му помогнат родителите или ќе оди некаде каде што во првата година ќе се разочара и ќе му е срам да се врати во земјата.

Славески апелираше до соговорниот власта да не продолжи да ја покачува минималната плата, бидејќи тоа ќе направи нестабилност во компаниите и ќе создаде незадоволни вработени чии плати нема да се покачат.

Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата. Тоа ќе донесе нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови, јавниот сектори, приватниот. Ве предупредуваме немојте да го направите тоа за доброто на државата. Немојте да си играте поради вашето незнаење. Да ја зголемувате така вештачки платата, создавате притисоци за зголемување на останатите плати, правите ршум во компаниите, вели Славески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.