Славевски: Попис треба да има, но не во вакви услови

Трајко Славевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за пописот односно кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот. Славевски посочи дека попис треба да има но не во вакви услови и поради пандемијата пописот треба да биде одложен за следната година.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е веќе познат и образложен од највисоки претставници на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и претседателот Мицкоски кој тоа ќе го потврди во наредниот период.Ставот е дека и можеби е најдобро пописот да се одложи за наредната година или кога ќе се создадат услови по примерот на голем број на земји од Европа и во светот. Од потесното опкружување знаеме дека Бугарија го одложи за 2022 година, Хрватска размислува да го одложи закажаниот попис кој е закажан за во месец април за тогаш кога ќе се создадат услови, Романија го има одложено и така натаму. Зошто го кажувам ова? Тоа е првото барање кое што беше презентирано затоа што многу се кратки роковите, да ја оставиме настрана пандемијата и така натаму. Законот не е изгласан ќе се изгласа можеби деновиве под законски акти, методологии , но треба и месеци за обука на попишувачите односно тимовите. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека мора да има попис, ако од власта инсистира тие имаат мнозинство во Парламентот и доколку решиле ќе го донесат законот. Тоа е нашиот став дека попис мора да има, познати се причините, јас само економските ги спомнувам околу планирањето на економскиот раст, распределбата на ресурсите, социјалната грижа за граѓаните, изградба на училишта, градинки. Не можете да бидете ефикасни со трошењето на ресурсите ако пописот сега како што може да произлезе покаже голем дел на присутност на населението кое не е присутно вклучително и од младата возрасна група па има според пописот на една територија во една општина потесно подрачје 200 деца, а присутни се 10 и сега вие треба да планирате изградба на градинки. Ова е само еден пример, истакна Славевски во своето гостување.

Понатаму во своето гостување Славевски зборуваше и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за фингерпринт каде за овој предлог не се противеа ниту од власта, ниту самиот Заев.

-Еден од најважните параметри е стапката на заразени во услови кога е пандемија на 100 жители или на 100 жители, на милион жители, стапката на смртност и така натаму и доколку немате вистински показател за тоа колкава е точниот број на населението вие и во меѓународната јавност презентирате неточни компаративни податоци. За идејата за фингерпринт не се противеа ниту од власта, ниту Зоран Заев кој наводно не планирал такви средства од буџетот кажа дека ќе бара донација за тие апарати за отпечатоци, додаде Славевски.