Славната манекенка се соблекла топлес додека уживала во викендот со сопругот

“Викенд е”, напишала манекенката Хајди Клум во описот на серијата фотографии кои ги објавила на Инстаграм.

Поранешната манекенка Хајди Клум ја фалат поради нејзините модни комбинации, а таа често ги воодушевува фановите со разголени изданија. Овој викенд, Клум одлучила да оди еден чекор понапред.

“Викенд е”, напишала манекенката во описот на серијата фотографии кои ги објавила на Инстаграм, а на фотографиите позирала со својот 17 години помлад сопруг Том Каулиц. На една фотографија Хајди позирала топлес и градите ги прекрила со рацете.

Хајди и Том уживале во приватноста, но музичарот и неговата убавата сопруга не ги лишиле фановите од сочните детали.

Првата годишнина од брак, парот ја прослави во февруари оваа година, а судејќи според бројните фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, тие уживаат во брачната идила.

Хајди од бракот со поранешниот сопруг Сил има 4 деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.