Дваесет и седумгодишниот бразилски репрезентативец, Давид Луиз јавно призна дека никогаш не спиел со жена и оти тоа нема да се промени се додека не стапи во брак.
Луиз, како евангелист, го поддржува ставот дека во брак треба да се влезе „чист“ кога станува збор за сексуалните искуства, па како и своевремено најдобриот играч на светот Кака, се приклучи на кампањата „Избрав да чекам“, која промовира стапување во сексуални односи по склопувањето брак пред Господ.
Фудбалерот веќе некое време се забавува со една девојка, за која одделни таблоиди тврдат дека ја запросил кон крајот на Мундијалот, но за тоа се уште нема официјална потврда.