Следи пад на температурите во минус

Времето утре ќе биде претпладне со умерена до значителна облачност, по котлините магливо. Од пладнивните часови облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе. Во повисоките планински подрачја претежно сончево преку целиот ден. Наместа ќе дува слаб јужен ветер.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на магла. Попладне и претежно во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините магливо.

Инаку освен минусните утра, за време на викендот, особено во сабота ќе имаме и максимална температура од 20 степени.