Следна мерка би можела да е полициски час, предупреди Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за медиумите во вторникот објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

Анализите, како што рече министерот, покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1. Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

„За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, а мерките кои се на сила иако ги даваат првичните резултати сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети како и недостаток од медицински кадар. Министерот изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час“, рече Филипче