Следната недела Помпео во посета на Грција

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, следната недела ќе ја посети Грција, а грчката Влада, како што објасни нејзиниот портпарол на денешниот редовен брифинг со новинарите, очекува практична поддршка, особено во однос на турските активности во источниот Медитеран.

-Очекуваме да се потврди она што повеќе пати беше кажано од американска страна во изминатиот период, односно практична поддршка на грчките позиции на сите нивоа, особено во однос на турски провокации во Источниот Медитеран. Постојат и низа теми околу соработката на двете земји, кои ќе се изразат преку посетата и на Атина и на Крит, рече Пецас.

Додаде дека точната програма ќе биде објавена во следните денови, а според информациите во Грција, веројатно е дека ќе пристигне во понеделник, во секој случај по завршувањето на вонредниот Самит на ЕУ за Турција што ќе се одржи во четврток и петок.