Следната седмица државата ќе биде задолжена за дополнителни 53,6 милиони евра

Министерството за финансии изминативе три седмици одржа аукции на хартии од вредност со кои повлече околу 102 милиони евра, а веќе за 16-ти октомви закажа нова аукција на хартии од вредност со којашто планира да повлече дополнителни 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра.

Владата на почетокот на оваа 2018 година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра. Сепак, и покрај овие огромни задолжувања, капиталните инвестиции во земјата изостануваат, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.

Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 33,0 на 33,4 отсто од БДП), при раст и на внатрешниот долг (од 15,2 на 15, 4 процнетиод БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 п.п. и 0,2 п.п. од БДП, соодветно“, соопштија од НБРМ.