Следната седмица можно отворање на угостителските објекти

Според извори на ТВ Алсат од Владата, кафеаните и другите угостителски објекти ќе почнат да работат во среда и тоа во бавчите и отворените тераси.

Првично се планира угостителите да работат до 20 часот или до 21 во зависност од тоа кога ќе почнува полицискиот час.

Во вторник овие мерки би биле изгласани во Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Имајќи предвид дека состојбата со коронавирусот е постабилна, велат неофицијално од Владата за Алсат.