16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Следната седмица ново задолжување за уште 58 милиони евра

Иако капиталните инвестиции воопшто изостануват во македонската економија последната година и пол,  Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар,  а Министерството за финансии за 30-ти октомври закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови  3,55 милијарди денари односно околу 58 милиони евра.

  

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што претставува зголемување за 0,6 процентен поен во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банк