Следната седмица во Македонија доаѓаат медицински тимови од Шведска и Словенија, најавена помош и од Германија

Во првата седница од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар, а во најава е и пристигнување на медицински тим од Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат на товар на Министерството за здравство.

За ова директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски ги информирал членовите на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на вирусот ковид -19, кој на 24 јули го одржа 103. состанок, а чиј записник вчера го усвои Владата во рамки на 78.седница.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, информирал дека од Берлин е најавена соодветна помош (медицински персонал, лекови, заштитна опрема, респиратори итн.) за сите држави од регионот.

Записникот од 103.состанок на Главниот координативен кризен штаб се однесува на обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на ковид-19.

Јавноста по ова прашува што кријат властите во врска со коронавирусот, особено со тоа што доаѓаат медицински тимови на помош.