Следниот самит на НАТО во декември 2019-та во Лондон

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објави во средата дека следниот состанок на врвот на Северноатлантскиот воен сојуз ќе се одржи во текот на декември годинава во Лондон.

„Ми претставува задоволство да објавам дека сојузниците се согласија следниот состанок на челнициет на државите или владите ќе се одржи во декември 2019 година. Благодарни сме на Обединетото Кралство што се согласи да биде домаќин на состанокот на НАТО на неговата 70-годишнина“, објави Столтенберг.

„Состанокот ќе биде можност за челниците на државите или влади на членките на НАТО да ги адресираат безбедносните предизвици со коишто сме соочени сега и во иднина, за да осигуриме НАТО да продолжи да се прилагодува за да ја гарантира безбедноста на своето население од речиси милион луѓе“, додаде Столтенберг во соопштението.