14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Следните 24 часа блокирани приодите кон МВР и седиштето на СДСМ

Градот Скопје информира дека денеска втоник 29-ти октомври, поради завршно асфалтирање на улицата „Бихаќка“, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата , и тоа на потегот од улицата „Востаничка“ до влезната капија на Министерството за внатрешни работи.

„Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот“, информираат од Град Скопје.