Следните два месеца ќе покажат дали има реален раст во Манчестер Јунајтед

Тимот на Манчестер Јунајтед „лета во облаци“ од средината на декември, кога Жозе Мурињо беше отпуштен. Тогаш за привремен менаџер беше поставена клупската легенда, Оле Гунар Солскјер и од тој момент до сега, „црвените ѓаволи“ жнеат успех по успех. Играта на тимот е видливо променета и ова очигледно дава резултати.

Вистината е дека досега повеќето од мечевите беа со поскромните тимови на Островот. Не смееме да ја заборавиме победата над Тотенхем во Премиер лигата, како и успехот против Арсенал во ФА Купот.

Интересно е дека во следниот круг на најстарото фудбалско натпреварување во Англија, 20-кратниот шампиони на Англија ќе мора да се соочи против друг голем тим – Челзи. Ова значи дека во периодот 12 февруари – 16 март, на „Олд Трафорд“ ќе се одвиваат еден куп тешки битки и токму тогаш ќе стане јасно дали Солскјер е подготвен за постојаниот менаџерски пост во Јунајтед.

Програмата на Манчестер Јунајтед вели дека на 12 февруари тие играат против ПСЖ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а само четири дена подоцна излегуваат против Челзи во 5-тата рунда од ФА Купот на Англија. На 24 февруари следи натпревар со големиот ривал Ливерпул, а три дена подоцна одат на средба со Кристал Палас.

Следните натпревари се Саутемптон (2-ри март), реваншот со ПСЖ (6-ти март), Арсенал (10-ти март) и дербито на Манчестер Сити (16-ти март).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.