Следува стабилно и суво време, брзината на ветерот ќе се намали

Во периодот што претстои следува период на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност, тврди Славчо Попоски. Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека максималната дневна температура понатаму ќе се искачува до околу 28 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.