Следуваат дождливи денови

Денеска во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 8. Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.

Во останатите предели ќе има дождливи денови со сончеви периоди. Во вечерните часови услови за дожд ќе има и во југоисточните предели. Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните дневни до 24 односно до 35 степени.

Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло.

Во попладневните часови услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни и југоисточни предели. Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.