Следуваат уште продолжени викенди и неработни денови

Македонија денеска го слави Илинден
Македонија денеска го слави Илинден

Продолжениот викенд по повод велигденските празници беше можност за одмор и време со семејството. Нови неработни денови поради државни или верски празници следуваат веќе на почетокот на мај.

Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.