Слеп човек прогледа со вештачка рожница

После една деценија слепило, еден Израелец си го врати видот откако го прими првиот успешен имплантант на вештачка рожница.

78-годишниот Јанал Фурани, кој живее во Хаифа, започнал да го губи видот пред 10 години поради едем и други состојби коишто му ја оштетиле рожницата и на крајот резултирало со клиничко слепило.

Меѓутоа, веднаш по извршена операција, развиена од израелската медицинско-технолошка компанија „CorNeat“, тој можел да ги препознае членовите на семејството и да чита броеви на графиконот за очи.

Трансплантациите на рожницата беа достапни и пред операцијата на почетокот на овој месец, но тоа било многу покомплицирана постапка.

Имплантот на CorNeat, напротив, не бара донатор и е релативно едноставна процедура, трае само еден час и ветува „исклучително брза временска интеграција и заздравување“.

Со уште 10 испитувања одобрени во Израел, две кои се најавени во Канада, а  во тек е процес на одобрување во Франција, САД и Холандија, овој медицински успех е дефинитивно нешто на што треба да се наслонуваме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.