Слика на Моне на наддавање во Франција по долго време

Слика на францускиот импресионост Клод Моне, во приватна збирка од 1948 година, подоцна во ноември ќе биде понудена на наддавање во Париз а се очекува дека би можела да постигне цена до 3 милиони евра, објави аукциската куќа Ader.

Пејзажот „Les Saules, Giverny“ (Врби, Живерни) од 1886 година повторно се појави на пазарот на уметнички дела на кој, инаку, делата на Моне се сѐ поретки.

Станува збор за едно од триесеттината дела кои ќе бидат изложени на аукцијата на Ader на импресионистички и модерни дела во „Hotel Drouоt“ на 24. ноември.

„Слика на Клод Моне на ова ниво, со овие димензии, всушност повеќе нема меѓу француските семејства. Повеќето се во големите музеи или во странските колекции, а многу ретко е да се пронајдат во Франција. Ова е голема можност за францускиот пазар“, изјави акционерот на Ader, Давид Нордман.

Ова масло на платно, со димензии 73х91 сантиметри, припаѓала на семејство од еврејско потекло и го красело нивниот луксузен апартман во центарот на Париз. Дедото на семејство ја купил сликата во галерија во Ница во 1948 година, и отрогаш е во сопственост на семејството.

Иако не се толку познати како серијата за водените лилјани или сликите „Gare Saint Lazare“ коишто постигнуваат цена до 100 милиони евра, „Врбите, Живерни“ го носат славниот стил на импресионистичкиот сликар.

„Тоа е работа типична за Клод Моне, првенствено поради потезите со кистот и начинот на приказот на светлината“, вели Нордман.

Моне се скрасил во местото Живерни во Гопрна Нормандија, 80 километри западно од Париз, од 1883 до смртта во 1926 година, претворувајќи ја својата куќа во трајно ателје, опкружен со богата градина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.