Слободан Милошевиќ е жив?

Несомнено неговата „смрт“ им одговараше на многумина. Сепак, самиот факт дека никој не го видел неговото мртво тело (освен патолозите Холанѓанин, Русин и Србин), потоа приказната дека во неговото тело е најден лек кој што предизвикува состојба на целосна вкочанетост, некој вид на длабок сон – налик на смрт, како и сознанието дека никој никогаш не сакал да го ексхумира неговото тело за да се демантираат сите бројни теории на заговор, се отвораат вратите за сомневањето дека Слободан Милошевиќ е жив и денес, пишува српски „Курир“.

За смртта на Милошевиќ, како што пишува „Курир“, се врзуваат најразлични приказни. Фактите говорат дека на 11 март 2006 година според информациите од Хашкиот трибунал во притворското одделение на затворот во Шевенинген починал претседателот на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

По оваа вест највисоки меѓународни функционери, но и службеници од хашкиот суд, многу незаинтересирано реагираа на овој факт. Реално, таков исход им одговараше на многумина, бидејќи прекинот на судскиот процес во Хаг освен на Србија, беше во полза и на многу светски центри на моќ кои беа вплетени во крвав судир во регионот на поранешна Југославија, а на кои им се закануваше откривање, бидејќи беа отворени тајните југоархивите. Јасно сето тоа со време ги подгреаа приказните како Милошевиќ не умрел во Хашкиот притвор, туку неговата смрт всушност сценарио на што упатуваат голем број докази.

Имајќи предвид дека Милошевиќ е погребан на необично место, дека никој не го видел неговото мртво тело и со оглед дека неговиот гроб денеска никој од неговото семејство и најблиски соработници воопшто не го посетува, не е невозможно Милошевиќ и целото негово семејство (сопругата, ќерката, синот и братот) да живеат во Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.