Слободен влез за женскиот кошаркарски дуел Македонија и Германија

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија во недела навечер, ќе го одигра својот четвртти натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.

На 27 ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Германија.

За таа цел, и во оваа прилика, Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.