Слон му приреди непријатна ситуација на новинар, видеото стана хит (ВИДЕО)

Kенискиот новинар Алвин Каунда стана хит на социјалните мрежи, откако снимал телевизиски прилог во засолниште за слонови. Додека зборува го прекинува слонче кое со сурлата му го покрива лицето. Новинарот се обидува да продолжи, но сепак не може да се воздржи и почнува да се смее.

Ова се случи во главниот град Најроби. Каунда говореше за важноста на таквите засолништа за слонови, посебно во услови на суша.