Словачка бара тригодишен преоден период за ембарго на руската нафта

Словачка бара тригодишен преоден период за воведување на ембаргото на Европската унија на увозот на руската нафта, изјави во средата министерот за економија Рихард Сулик.

Словачка речиси целиот увоз на сирова нафта ја прима преку нафтововод „Дружба“ кој датира уште од советската ера, и зардно со Унгарија, која исто така многу зависи од руските енергенси, бара изземање од ембаргото на увозот на руската нафта.

Европската комисија претходно во средата ги претставо прелогот за новите санкции против Русија кооишто вклучуваат забрана за увоз на сирова нафта од Русија во рок од шест месеци и на нафтените преработки до крајот на годинава. Амбасадорите на 27-те земји членки на Европската унија би можеле да го усвојата предлогот на Комисијата веќе оваа седмица за набрзо потоа да биде преточен во закон.

„Се соласуваме со новиот пакет санкции, но нам ни е неопходен преоден период за прилагодување кон новата ситуација. Деенска се дискутира за траење на преодниот период“, изјави Сулик. И додаде дека подолг преоден период би дал доволено време да се обезбедат алтернативи правци за набавките.

Повеќе од 60 отсто од Словаците се противат на најавите нивната земја следејќи ги наложувањата од Европската унија да се откаже од снабдувањата со придодниот гас и нафтата од Русија ако тоа се одрази врз растот на цените а што е неминовна последица, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мениние објавени во неделата спроведени од агенцијата Focus за телевизијата Markiza.

На крајот од март и април, агенцијата им го поставила на испитаниците прашањето: „Дали мислите дека Словачка треба да се откаже од рускиот гас и нафта по цена да ја зголеми нивната цена?“. Испитаниците имаа избор од три опции. Само 7 проценти од нив ја означиле опцијата „да, веднаш“. Една четвртина, односно 25 отсто ја избрале опцијата „да, во наредните години“. Од друга страна, дури 62 отсто одговориле дека во такви околности Словачка воопшто не треба да се откаже од снабдувањето со енергетски суровини од Русија. Останатите (6 проценти) не можеле да се определат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.