Словачка бира претседател

Во Словачка денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои учествуваат актуелниот премиер Роберт Фицо и еден од најбогатите Словаци, Андреј Киска.

Во првиот круг од изборите одржани на 15 март, на кои учествуваа 14 кандидати, Фицо освои 28, а Киска 24 отсто од гласовите.

Политичките аналитичари истакнуваат дека двата кандидати имаат подеднакви шанси за победа.

Изборните места се отворени од седум до 22 часот. Право на глас имаат околу 4,3 милиони граѓани. Првичните резултати се очекуваат во текот на ноќта.