Словачка испраќа борбени авиони „МиГ-29“ во Украина

Словачката влада одобри испраќање борбени авиони „МиГ-29“ во Украина, изјави во петокот премиерот Едуард Хегер, засилувајќи ја воената помош за Киев во борбата против руската инвазија.

Словачка е втората земја што објави дека ќе испрати воени авиони во Киев по Полска, која објави во четвртокот.

Словачката флота од 11 авиони „МиГ-29“ беше повлечена минатото лето и повеќето од нив не се во функција. Ќе бидат испратени оние летала кои се исправни, а другите ќе одат за резервни делови. Словачка, исто така, ќе сисорача дел од својот систем за воздушна одбрана од советскиот период КУБ, рече Хегер.

Сојузниците на НАТО на поранешниот комунистички исток, како што се Полска и Словачка, беа особено гласни во својата поддршка за Киев откако Русија ја нападна Украина на 24-ти февруари 2022 година.

Полска во четвртокот објави дека ќе испрати четири борбени авиони „МиГ-29“ во Украина во наредните денови, со што ќе стане првиот сојузник на Киев што ќе обезбеди такви авиони.

Западните земји кои испорачуваа оружје на Украина досега одбиваа да испратат борбени авиони од западно производство според стандардите на НАТО. Покрај високата цена на летала и долгиот период за обука неопходна за употреба на таква напредна технологија, земјите членки стравуваат и од тоа таа да не падне во рацете на руската војска,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.