Словачка забранува објавување анкети 50 дена до изборите

Словачкиот парламент донесе закон со кој се продолжува забраната за објавување истражувања на јавното мислење пред изборите од 14 на 50 дена. Забраната ќе важи и за општите избори, закажани за четири месеци.

Одлуката на владејачката партија СМЕР пред изборите предизвика критики од опозицијата, но и политичките експерти кои во тоа гледаат обид да се замолчат новите партии во Словачка.

„Веруваме дека овој закон нема да го ограничи на бирачите правото на простап до информации, бидејќи е дизајниран токму за заштита на гласачите од дезинформации и наменски информации”, се посочува во образложението на законот.