Словачка од Русија купува два милиона дози од „Спутник V“

Словачка купува два милиона дози од руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ и очекува дека до половината ќе стаса во текот на овој и на следниот месец, додека земјата настојува да го забрза вакцинирањето во периодот кога бележи зголемн број заразени и починати од Covid-19, соопштои во понеделникот Игор Матович.

Зборувајќи на брифингот за новинарите на аеродромот на истокот на земјата каде што пристигнаа првите пратки од вакцината, премиерот Игор Матович изјави дека вакцинирањето ќе може да се забрза за 40 отсто со новата залиха од вакцината.

Словачка, којашто минатата седмица имала најголем број почината според бројот на жителите според интернет страницата Our World in Data, ја следи Унгарија која ја набави рускатава вакцина, иако сѐ уште не добила одобрување за итна употреба во Европската унија.

Малку подоцна во понеделникот по приемот на првите пратки, министерот за здравство Марек Крајци, потврди дека вакцината „Спутник V“ е регистриран препаратот, а дека за две седмици ќе почне нивната употреба. Така Словачка е 39-та земја во светот во која се користи руската вакцина.

Соседна Чешка, која има најголем број заразени на светот според бројот на заразените во последната седмица, исто така се сврти кон руската вакцина. Во неделата премиерот Андреј Бабиш изјави дека неговата земја не може повеќе да го чека одобрувањето од Европската агенција за лекови (ЕМА) за „Спутник V“, изразувајќи незадоволство поради бавното снабдување со вакцините од западните производители.