Словачка првпат по 10-ти март без ниеден нов случај на Covid-19

(Photo by VLADIMIR SIMICEK / AFP)

Во Словачка во петокот не е забележан ниеден нов случај на зараза со коронавирусот, првпат по 10-ти март, соопшти во саботата владата во Братислава.

Во ова централноевропска земја со 5,5 милиони население воопшто се евидентирани помалку случаи на зараза со коронавирусот, како и помалку смртни исходи од болеста, во однос на соседните држави.

Според официјалните податоци, со новиот коронавирус биле заразени досега 1.455 луѓе, од последиците на распираторната болест Covid-19 починале 26 пациенти а досега оздравеле 919 луѓе.

Словачката влада во средата повторни дозволи отворање на сите продавници кои се наоѓаат надвор од трговските центри, како и на хотелите, музеите, галериите и другите туристички места на отворено, а дозволи и одржување верски служби и венчавки со ограничен број гости.

Меѓутоа, училиштата и натаму се затворени, а патувањата надвор од границите на земјата сѐ уште не се овозможени. Сите кои пристигнуваат од странство мора да минат 14 дена во државните карантини.