Словачка со најголем дневен раст на случаи на коронаворусот од април

Словачка во четвртокот пријави најголем дневен раст на новите случаи на зараза со новиот коронавирус од 22-ри април, а здравствените власти предупредуваат дека епидемијата повторно се шири во земјата.

Оваа централноевропска земја имаше најмала смртност од Covid-19 и избегна голем раст на случаи на зараза какви што имаа нејзините западни соседи, откако започна епидемијата во март.

Во средата биле регистрирани нови 53 случаи на зараза, според информациите на министерството за здравство, што е седми ден од 30-ти јуни бројот на случауте да биде двоцифрен.

Вкупно во Словачка досега е регистриран 1.851 случај на заразата, од кои 1.477 пациенти оздравеле, а починале 28 луѓе.

„Има 53 нови случаи. Премноги за да продолжиме да се потпираме на одговрноста на луѓето. За жал“,. Напиша на својата интернет страница премиерот Игор Матович, без да наведува повеќе поединости околу евентуалните нови мерки.

Засега не е јасно дали изјавата на премиерот навесутва повторно воведување на ограничувања. Од кабинетот на Матович не сакале да коментираат.

Нодоамнешното зголемување на случаите на зараза доаѓа откако во мај и јуни дневниот раст на случаите беа едноцифрени. Најголемиот дневен раст беше забележан на средината од април кога изнесуваше 114 новозаразени.

Словачка беше меѓу првите земји кои применуваа строги мерки против заразата со коронавирусот во првата седмица од март, што помогна бројот на заразени да остане низок. Повеќето од тие мерки досега се ублажени.