Словак фатен како фотографира голи деца во камп на Истра

Полицијата од градот Бује на Истра привела 41-годишен словачки државјанин под сомнение дека сторил кривично дело искористување на деца за порнографија.

Имено, полицијата на 5. август околу 18 часот во близина на угостителски објект во туристичкиот камп на подрачјето на Бује го фатила Словакот, кој снимал и фотографирал голи деца.

Мажот е уапсен, а полициските службеници му одзеле дигитална камера налик на клуч од автомобил (шпионска камера) со која ги снимал децата и мобилен телефон при што се пронајдени фотографии со инкриминирачка содржина.

Осомничениот по завршувањето на криминалистичкото иследување, на 6. август во вечерните часови е приведен во притворската единица на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.