Словенечката полиција ги истражува смртните закани за политичарите

Словенечката полиција во понеделникот ги истражува поштенските пратки во кои на високи претставници на држава и штитени личности им се упатени закани со смрт.

Полицијата е известена за вкупно пет такви пратки, сите со слична содржина, со директни закани со смрт и во сите имало приложено куршум за пушка, изјави за јавноста Стојан Бепшак, од секторот на љубљанската криминалистичка полиција.

Додаде дека истрагата сѐ уште е во почетната фаза на собирање информации коишто би требало да доведат до сторителите, како и дека за другите поединости поради интересот на истрагата не може да зборува.

Словенечките медиуми во неделата известија дека пратки со закани со смрт на своите домашни адреси добиле премиерот Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин, што подоцна и официјално беше потврдено.

Медиумите во понеделникот пренесуваат дека освен премиерот и министерот, пратки со исти закани и содржини добиле и две пратенички групи во парламентот и еден пратеник, а наводно станува збор за претседателот на Словенечката национална партија (SNS), Змаго Јелинчич.

Претставниците на повеќе партии во понеделникот остро ја осудија секоја форма и насилство како недозволиви, а претседателот на парламентот Игор Зорчич истовремено апелираше и сите политираи во своите комуникации да бидат толерантни и умерени.