Словенците одиграа максимално коректно – Македонија оди на Ф4 во Полска

Дали нашите момци "од втора" ќе успеа да влезат во Светската лига ?!

По поразот од Данска ситуацијата делуваше безнадежно, но нашите одбојкари се погрижија реалноста да биде друга.

Најпрво успеаа да забележат две победи против Полска на гости, за нашиот пласман да зависи од репрезентацијата на Словенија. А токму Словенците, иако играа без никаков резултатски императив, максимално коректно си ја завршија работата против нашиот директен ривал, Грција и на два пати ги совладаа со 3:1.

Сега македонските одбојкари ќе имаат шанса да го поправат минатогодишниот пласман во истото натпреварување, кога го освоија третото место на завршниот турнир. Во полски Валбржич на 13-ти и 14-ти август првопласираните репрезентации од двете групи, односно Естонија и Словенија, Македонија, како и домаќинот Полска ќе се борат за титулата во Европската лига за 2015-та.

Деспотовски и Ѓорѓиев изборија место во дрим-тимот на неделата во Европската лига

Нашите одбојкари Деспотовски и Ѓорѓиев се изборија место во дрим-тимот на неделата во Европската лига
Нашите одбојкари Деспотовски и Ѓорѓиев се изборија место во дрим-тимот на неделата во Европската лига

Македонските репрезентативци Филип Деспотовски и Никола Ѓориев по одличната игра во двомечот со Полска си го заслужија своето место во најдобриот тим на неделата во Европската лига.

Деспотовски беше фантастичен против Полска на позицијата центар и неговата креативност и асистенции беа клучни во двете победи против силниот противник. Со 63 отсто реализација во нападот Никола Ѓорѓиев ја растури Полска и беше најдобриот избор за во идеалната постава на својата позиција.