Словенците случајно открија голема плантажа со марихуана вредна 2 милиони евра

Повеќе од два милиони вреди марихуаната која ја заплениле полицајци од словенската покраина Помурје.

Со помош на снимки за граничен надзор, тие откриле една од најголемите плантажи во нивната област, на речниот остров на Мура недалеку од градот Беница.

Полето го снимиле од воздух, но до него не било нималку лесно да се дојде.

Тие мораа да пробијат гранки и грмушки за на крајот да избројат 2.650 садници високи меѓу 80 и 110 сантиметри. Како што напишале во нивниот извештај, тие биле добро негувани за да се добие највисок квалитет на дрогата.

Од билките би добиле најмалку 600 килограми марихуана за продажба и многу добро би заработиле.

Поради граничното земјоделство, тројца мажи беа уапсени и задржани во притвор.

На полицијата и бил потребен и хеликоптер за транспортот на марихуана.