Словенечката просечна плата лани бруто изнесувала 1.753 евра, нето 1.133 евра

Просечната плата во Словенија во минатата 2019 година изнесувала 1.753,84 евра брито и 1.133 евра во нето износ, објави во понеделникот тамошното биро за статистика, истакнувајќи дека платите растеле и во јавниот и во приватниот сектор.

Просечната брутоа плата лани е зголемена за 4,3 отсто номинално и 2,7 отсто реално во однос на претходната 2018 година, додеак растот на нето платата изнесувал номинално 3,7 отсто, а реално за 2,1 отсто.

Просечната бруто плата во словенечкиот приватен сектро лани е зголемена за 3,9 отсто, а во јавниот сектор вкупно за 5,4 отсто, додека во државната управа за 6,5 отсто.

Натпросечното растере на платите во државниот сектор е директна последица од реализацијата на договорот за зголемување на платите и признатите трошоци на трудот во јавниот сектор, кој лани го постигнаа синдикатот на јавната администрација и владата, објави бирото за статистика.