Словенечкиот парламент го потврди Голоб за премиер

Словенечкиот парламент во средата го потврди претприемачот Роберт Голобн за претседател на новата влада чиј состав пратениците треба да ја потврдат следната седмица.

За Голоб на чело на 15-та влада на Словенија гласеле 54 пратеници, 30 биле против, а еден глас бил неважечки.

Пред гласањето Голом изјави дека врз основа на големата доверба којашто му е дадено на изборите на 24-ти април, сака на Словенците да им пружи „надеж во подобра иднина“ и да им ја врати „радоста кон животот“.

Алудирајќи на десничарската влада на заминување, којашто последните две години ја водеше Јанез Јанша, челникот на партијата Движење Слобода рече дека граѓаните на изборите покажале дека сакаат да живеат во „нормална држава“, а не во „постојана неизвесност“ којашто ги погодила последните две години.

Како приоритети на неговата влада, Голоб го наведе здравството коешто мора да биде јавно и достапно на сите, без разлика на социјалниот статус, како и на сѐ повисоките цени на енергијата и на храната.

Неговото Движење Слобода победи на изборите со 35 отсто освоени гласови и ќе формира коалициска влада со левите партнери, Социјалните демократи и партијата Левица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.