Словенечките инвестиции во Македонија се зголемени за 10 проценти

Стоковната размена меѓу Македонија и Словенија изнесува помеѓу 315 и 320 милиони евра на годишно ниво и бележи раст од 10-тина отсто во последните 10 години.

„Во земјава има речиси 330 милиони евра директни странски инвестиции од Словенија од кои 30 милиони евра се инвестирани годинава, што е рекордна сума досега“, посочи словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, на прес конференција во Стопанската комора на Македонија. Тој рече дека за фабриката за акумулатори во Пробиштип и ЛТХ, која е најголем работодавец во Охридско, се најавуваат нови инвестиции и вработувања, а македонските „Триглав“ и НЛБ банка се најдобри во своите групации.

Јазбец изјави дека компаниите на Македонија и Словенија можат да соработуваат во областа на ИТ, земјоделството, туризмот…, но бизнис-средбите треба да се ограничат на 10-20 фирми, за да има конкретни резултати.

Биљана Пеева-Ѓуриќ, извршна директорка на Комората истакна дека од Словенија можеме да црпиме искуства, затоа што двете земји според големина и број на жители се слични, но Словенија има три пати повисок животен стандард од македонскиот. Таму извозот го прават 8.000 фирми, додека кај нас само 3.000 компании, што е пет проценти од вкупниот број на компании во земјава.