Словенечките партии поделени за враќање на задолжителниот воен рок

Словенечките партии имаат поделени ставови во однос на предлогот на партијата СДС на Јанез Јанша, за повторно враќање на задолжителниот воен рок. СДС овој предлог законот веќе го поднесе до собранието и е влезен во процедура.

Помалите партии, пред сѐ. левичарски партии се против ваквиот закон и го сметаат за назаден, додека десните сметаат дека тој е важен за безбедноста на Словенија и пред се како што велат, правилниот психо-физички развој на младите.

Од паријата на премиерот Марјан Шарец (ЛМШ) велат дека ќе го разгледаат предлогот по што ќе изградат став, но сметаат дека оваа тема е вредна за разговор. Слична позиција има и друга владина партија, односно ДеСус.

Инаку, според предлог законот, воениот рок во Словенија ќе биде задолжителен за сите и ќе трае шест месеци, а оние кои ќе се одлучат да служат војска во цивилка, тој ќе трае 12 месеци.