Словенечкото Собрание утре ќе одлучува за премиерскиот мандат на Јанаша

13

Словенечкото Собрание утре на седница ќе расправа и гласа за тоа дали Јанез Јанша ќе биде новиот словенечки премиер, јави дописникот на МИА.

Коалициските партнери Словенечка демократска партија, Партија на Модерен Центар, Демократска Партија на пензионерите во Словенија и Нова Словенија имаат доволен број на пратеници, па доколку сите гласаат „за”, сосема е извесно дека Собранието ќе му даде „зелено светло” на Јанша да ја состави новата Влада.

Партнерите во новата коалиција веќе си ги поделија ресорите и ги презентираа владините приоритети. Оваа нова Влада предводена од Јанша ќе има мандат од само две и пол години, односно до следните редовни парламентарни избори.

Во петокот неколку илјади граѓани маршираа низ улиците во Љубљана, против новата коалиција која по трет пат ќе го донесе Јанша на премиерската функција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.