Словенечката полиција во рутинска контрола заплени 1,8 милиони евра

PU MURSKA SOBOTA

Словенечката полиција во текот на рутинска контрола на автопатот во Помурје на североистокот од земјата, во комби возило на двајца странци открила 1,8 милиони евра и ги запленила, а за пребројувањето на парите морала да побара помош од банка.

Според објавата од петокот на интернет страницата на мариборскиот дневен весник Večer, имајќи предвид дека странците, на возраст од 28 и 24 години а чиешто државјанство не е објавено, не знаеле да го објаснат потеклото на парите, тие им биле запленети.

Според царинските прописи на Европската унија, патниците коишто патуваат во ЕУ или ја напупштаат нејзината територија во трети земји, мора да ја пријавата готовината од над 10.000 евра, што двајцата млади мажи во овој случај не го сториле.

Како што наведува весникот, европските банкноти биле во комбето спакувани о картонски кутии, а полицијата бидејќи готовината била многу поголема од вообичаените недозволени количини во слични случаи, од локална банка морала да позјми автоматска машина за броење на парите.

Настанот се случил вечерта на 28-ми април, потврдила подоцна полицијата, кога на автопатата Марибор – Пинце, при рутинска контрола на сообраќајот во товарно возило со унгарски регистерски таблички. Појаснила и дека возачот и сопатникот биле државјани на Унгарија, како и дека во картонските кутии било пронајдено поголемо количество банкноти во евра.