Словенецот Тим Зајц со неверојатен лет на Планица стана светски првак

Заврши Светското првенство во скијачки скокови што се одржува на Планица, а вечерва Словенците имаа голема причина за славење. Тим Зајц со неверојатен лет на големата скокалница ја освои титулата светски првак.

Тоа го стори благодарение на феноменалниот лет во втората серија.Зајц слета на 137 метри, а вкупно имаше 144 поени. Изведе перфектен скок, доби одлични оценки, а покрај сѐ имаше и позитивен ветар.

Второпласираниот Рјоју Кобајаши од Јапонија заостана за 10,7 поени по двата скока, а полскиот претставник Давид Кубачки ја освои бронзата.