Словенија ја максимизираше цената на струјата за најзагрозените категории

Словенечката влада во четвртокот со уредба којашто стапува на сила од 1-ви септември ја одреди највисоката ценана електричната енергија за домаќинствата и малите деловни потрошувачи, а мерката ќе биде на сила една година, до 31-ви август следната 2023-та.

Образложувајќи го потегот на прес-конференција по седницата на владата, министерот за инфраструктура Бојан Кумер изјави дека владата за споменатиот период ја ограничила цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претприемачи на 0,118 евра по киловатчас во високата тарифа и 0,082 евра по киловатчас во ниската тарифа, како и 0,098 евра по киловатчас во единствената тарфа.

Овие потрошувачи на струјата во просек со уредната за највисоката цена ќе имаат заштеда од околу 1.000 евра по поединечен потрошувач во групата потрошувачи на електрична енергија кои се најзагрозени во сегашната енергетска криза и од поскапувањето, уверува министерот Кумер.

За намалувањето на цените придонела одлуката дека надоместокот за користењето на електричната мрежа и натаки да биде намалена за 50 отсто, а од 1-ви септември ќе биде преполовена ќе биде и таксата за обновливите извори на енергија која ја плаќаат потрошувачите на електричната енергија.

Цената на електричната енергија за на овој начин заштитените потрошувачи ќе биде пониска и иста, без оглед на добавувачите на електричната енергија, а за оние коишто струјата ја купуваат по највисоката тарифа намалувањето би можело да изнесува и до 60 отсто, а понискиот трошок по просечното домаќинство, односно заштедата би можела да изнесува и до 1.000 евра годишно, уверува Кумер.

Додаде и дека, земајќи ги предвид моменталните услови на енергетскиот пазар, тоа значи дека уредбата за ограничување на цените на електричната енергија за таквите потрошувачи ќе го спречи поскапувањето следната година.

Владата наведе дека на произведувачите и дистрибутерите на електрична енергија, коишто повеќето во сопственоста на државата, со уредбата за ограничување на цените на струјата им овозможила со оптимизација на трошоците таа енергија сѐ уште да ја продаваат со малку намален профит.

Меѓутоа, некои словенечки економисти сметаат дека интервенцијата во сферата на цените на енергенсите би можела да ја намали понудата или да доведе до недостиг или барање на енергетските компании државата да им ја подмири така загубената добивка, уште повеќе што владата најавува и слични мерки за загрозените потрошувачи на гасот веќе по неколку седмици.