Словенија ја надигра Полска и ќе игра во финалето

Одбојкарите на Словенија се првиот финалист на 31. Европско првенство и тоа откако вечерва го надиграа составот на Полска со 3-1 во сетови.

Словенците бодрени од својата публика во салата „Стожице“ во Љубљана, одиграа уште еден страшен меч и ќе имаат можност да се искачат на самиот врв, односно за тоа е потребна само уште една победа против подобриот од утрешната битка меѓу Франција и Србија.

Сите четири сета беа неизвесни и решаваа нијанси, па така избраниците на Џулијани отворија со 25-23, па Полјаците возратија со 26-24 за 1-1. Потоа на сцена одново стапија Словениците кои даваат се од себе, а тоа даде резултат и со 25-22 и 25-23 го заокружија големиот триумф.

Урнаут со 18 и Чебуљ со 15 поени беа лидери ка победникот, додека кај поразените Леон Венеро имаше 22 поени.

Само да потсетиме ние во групната ја добивме оваа Словенија со 3-1 во сетови.