Словенија бележи рекорден број нови коронаинфекции со рекорден обем на тестирање

Во Словенија во последните 24 часа се изведени повеќе од 22.000 PCR и брзи антигенски тестирања со коишто се потврдени рекордни 3.354 зарази со коронавирусот, а од последиците на компликациите кои ги предизвикува Covid-19 починало уште 31 лица, објави во средата словенечката влада.

„Уделот на заразените меѓу тестираните и натаму е висок, кај PCR тестирањеата уделот на позитивните на коронавирусот е 37,2 отсто, а кај брзите антигенски тестирања е 4,9 отсто“, изјави на прес-конференција владиниот портпарол за коронакризата Јелко Кацин.

Како што претходно објави словенечкото министерство за здравство во изминатото деноноќие биле направени вкупно 22.194 PCR и брзи антигенски тестови со кои се откриени 3.355 нови случа на заразата.

Седумденвата инциденца на заразата со коронавирусот во Словенија на 100.000 жители во моментов изнесува 1.704.

Активни во моментов се 21.772 случаи на коронаинфекција, а со последните смртни случаи вкупниот број починати од последиците на Covid-19 се зголемил на 2.868 лица.

Спроед оицијамните податоци, во последните 24 часа од полниците се отпуштени 106 пациенти, а примени се 114 нови заболени.