Словенија ќе ги затвора локалните кои не ги почитуваат мерките, бројките сѐ полоши

44

Словенечкиот министер за економија и потпретседател на владата Здравко Почивалшек најави во средата остри мерки против оние коишто не ги почитуваат епидемиолошките мерки, откако во последните 24 часа се потврдени 3.166 нови зарази, вториот најголем ваков показател оваа година.

„Доколку е потребно, ќе ги затворане во согласност со законот оние локали коишто не ги контролираат посетителите“, изјави Почивалшек, имајќи предвид дека некои сопственици на локали не проверуваат дали сите гости имаат ковид-пропусници со коишто се докажува дека се вакцинирани, дека оздравеле од Covid-19 или дека имаат негативен тест.

Владата, според словенечкиот министер, повеќе не смее да се игнорираат високите бројки коишто укажуваат дека епидемијата е во подем.

„Доста е со изговори, доколку не престанеме со тоа, следи локдаун“, предупреди Почивалшек,.

Владата во средата соопшти дека во минатата деноноќие се регистрирани 3.166 нови случаи на коронаинфкекција, што претставува големо зголемување на бројот на заразите во однос на состојбата пред една седмица, кога беа забечежени најмногу 2.145 случаи.

Повеќе од 3.000 зарази на дневно ниво во Словени досега било забележано само на 5-ти јанури кога имало 3.428 случаи, а загрижува и сѐ поголемиот удел на позитивните тестови, зашто во последните 24 часа изнесувал 38,1 отсто.

Во словенечките болници во моментов има 526 ковид-пациенти, од кои 133 се на одделите за интензивна нега, а во 24 часа имали девет починати од компликациите предизвикани од Covid-19, објави во средата министерството за здравство.

Седумденвниот просек на заразите во еден ден сега изнесува 1.965 случаи, а 14-дневната инциденца изнесува 1.052 заразени на 100.000 жители.

Инфектологот Бојана Беович за медиумите изјави дека сличен раст на епидемијата како Словенија имаат и други европски држави, но помалку оние кои го вакцинирале поголемиот дел од населението, како и дека притисокот на заболените од ковид-оддлите следните седмици ќе расте.

Влошувањето на епидемиолошката ситуација ќе се запре кога мнозинството од населението ќе биде заситено од вирусот, додава Беович и истакнува дека во Словенија уште неколку стотици илјади луѓе која имуноста не ја стекнале ниту со вакцинирање ниту со тоа што прележале Covid-19.

„Кога ќе имаме 90 отсто од популациајта која е имуна, тогаш ќе запре епидемијата“, рече Беович.

Меѓутоа, истакна дека многу подобро е имуноста да се стекне со вакцинирање отколку да се чека заразување со вирусот, бидејќи така многу помалку луѓе ќе завршат во болница со тешки форми на болеста или да се ризикува смртен исход.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.