Словенија ќе почне со произведство на ковид-вакцини

Владата на Словенија е во преговори со швајцарската фармацевтска компанија Новартис за производство на вакцини против ковид-19 во Словенија, пишува љубљанскиот весник Дело.

Министерот за здравство Јанез Поклукар и Роберт Љољо, директор на фармацевтската компанија Лек, која е во сопственост на Новартис, неодамна зборуваа за оваа можност.

Интензивните владини контакти со Новартис траат веќе неколку месеци, а премиерот Јанез Јанша се сретна со Ричард Сајнор, директор на Сандоз, оддел за генерика на Новартис, во мај, објавувајќи дека производството на вакцини во Словенија може да започне пред крајот на оваа година.

Преговорите се однесуваат на деловните услови во Словенија и нејзиниот даночен систем, а не на можните финансиски стимулации за инвестиција на Новартис во Словенија, според Дело.

Проширување на производството

Во Лек, во врска со можното проширување на производството во областа на вакцините и биолошките лекови, тие рекоа дека „активно го испитуваат“.

Средбите со претставниците на Лек и контактите со швајцарскиот сопственик на словенечката фармацевтска компанија беа потврдени и од Министерството за здравство.

Министерот Јанез Поклукар се согласи со оценката дека би било добро да се развијат капацитети за производство на вакцини во Словенија, дури и за потребите на можните нови епидемии, а таквото производство ќе го зголеми нивото на доверба во вакцините, велат од министерството.

Сѐ уште не е јасно каква вакцина би се произвела во Словенија доколку се финализира договорот со Новартис. Компанија ја произведува „Фајзер“ вакцината во Штајн (Швајцарија) и вакцината „КуреВак“ во Киндл (Австрија), но исто така планира да го прошири производството во новите погони, што бара одобрување од европски регулатор, според Дело.