Словенија гориво ќе може да се наполни само со тест, потврда за вакцина или прележан ковид

Во согласност со построгите епидемиолошки мерки на Владата на Словенија, возачите од денес не можат да наполнат гориво на бензински пумпи, доколку претходно не покажат потврда дека се вакцинирани, дека прележале ковид или негативен тест.

Повеќето дистрибутери, вклучително и љубљански Петрол, кој има најголем број пумпи и пазарен удел од речиси 60 проценти во трговијата со нафтени производи, ригорозно ги применуваат правилата кои Владата ги донесе во саботата.

Ова значи дека пумпата за полнење гориво се активира само кога возачот со документи докажува дека прележал ковид, дека е вакциниран или има негативен тест не постар од 48 часа.

Од ова се исклучени возачите во меѓународниот сообраќај, кои можат да наполнат гориво без ограничувања, освен што мора да носат маска при плаќање.

Словенечката Влада донесе нови мерки поради влошената епидемиолошка состојба и не исклучи воведување дополнителни ограничувања доколку бројот на вакцинирани брзо не се зголеми и ако бројот на новозаразени и хоспитализирани продолжи да расте со сегашното темпо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.