Словенија не ја исклучува можноста од ново прогласување епидемија

Иако во Словенија во последните 24 часа се потврдени само 39 случаи на заразата со коронавирусот, но владата предупредува на сериозноста на епидемиолошката ситуација во земјата, па се подготвува и за нејзно можно изразено влошување.

Тоа го потврди во понеделникот министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, изјавувајќи за новинарите дека и последните податоци покажуваат дека ситуацијата и натаму е драматична, како и дека во иднина не може потполно да се исклучи повторното прогласување епидемија на Covid-19.

Словенија „административниот“ крај на епидемијата, како прва држава во ЕУ, го прогласи кон крајот на мај, откако повеќе денови со ред немаше нови зарази, и започна отворање на економијата и олабавувањето на рестриктивните мерки, но и ткн втор бран дојде порано од очекуваното, па минатиот четврток ги имаше досега рекордните 137 новозаразени во еден ден.

Во последните 24 часа забележани се само 39 нови зарази, помалку од претходните денови, но и со значително помал број тестирања, но тоа сѐ уште е драматичен тренд, бидејќи процентот на новозаболените меѓу тестираните е ист или малку повисок од последните денови, предупред Хојс.

Покрај тоа, репродукцискиот број на ширење на заразите е релативно висок и изнесува 1,3 а продолжува да расте и бројот на хоспитализираните и на оние на интензивна терапија, додека со новите два смртни случаи бројот на вкупно починатите е зголемен на 149.

Минатата седмица во Словенија, која има два милиони жители, заразата со коронавирусот е потврдена кај 920 лица, што е за 199 заболени повеќе од седмицата претходно, според податоците од министерството за здравство.

Податоците укажуваат дека заразите најмногу се шират во домовите за стари лица, во болниците, во училиштата и во работните средини, рече во понеделникот на прес-конференција портпаролот на владата за ситуацијата со коронавирусот, Јелко Кацин. Додаде дека новите зарази повторно се потврдени на универзитетските клинички центри во Љубљана и во Марибор, и во општата болница во Словењ Градец.

Според Кацин, болничкиот систем се подготвува и за полоша ситуација, кога поради заразата би можел да функционира со помал капацитет и со ограничвуања за примање на неитните случаи на пациенти кои немаат Covid-19, а во таа смисла се спроведува и реорганизација во здравствените установи.

Случајот на љубљанскиот УКЦ, кој е подготвен да обезбеди дополнителни 100 кревети на ковид-одделенијата, треба да биде пример и за другите установи, коишто, според Кацин, мора да се подготват за раст на вториот епидемиски бран следните седмици и месеци. Во вонреден случај, сместувањето на новозаболените би било можно да се организира и во некои од поголемите спорстки сали кои имаат загревање.