Словенија нема да воведува нови ограничувања на движењето

Словенија нема да воведува нови рестриктивни мерки за движењето на граѓаните, најави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, генералната оценка на властите е дека Словенците се дисциплинирани и ги почитуваат препораките за ограничување на движењето, така што потребна од дополнителни забрани, засега нема. Предлогот на армијата да и се дадат полициски овластувања исто така е ставен во мирување.

– Во овој момент предлогот на армијата да и се дадат полициски овластувања со цел справувања со последиците од коронавирусот е повлечен. За тоа ќе треба да разговараат сите пратеници – изјави Хојс.

Претседателот на државата Борут Пахот веќе соопшти дека ќе поддржи активирање на армијата, но само во делот на поефикасно чување на границите.